Понеделник, 17 Декември 2012 19:32
ГРАЃАНИТЕ НА ОХРИД СЕ УМОРНИ ОД ПРЕДИЗБОРНИТЕ ВЕТУВАЊА НА ВМРО- ДПМНЕ
Граѓаните на Охрид се презаситени од ветувањата на ВМРО – ДПМНЕ кои ги изнесуваат пред секој изборен циклус. Доволно беше од ветувања дека Охрид ќе се поврзе со железнички сообраќај со другите градови во Република Македонија. Исто така, доволно е од ветувањата кои ВМРО – ДПМНЕ ги дава уште од 2006 година дека Охрид ќе биде поврзан со автопатишта со Гостивар и со Битола. На граѓаните на Охрид им преку глава од празните зборови за иградба на затворен базен, фудбалски игралишта. Охриѓани не сакаат повеќе да слушаат нереални проекти во улога на предизборни ветувања како т.н. проект “Сахараја“, хотел од познатиот синџир Хилтон и разни виртуелни странски инвестиции.
Охрид, во услови на катастрофална економска состојба во Република Македонија која ни ја донесе Владата, треба да се води домаќински. Тоа ние го докажуваме веќе осум години. Граѓаните не поддржуваат сите овие години наназад и се против блокадите на развојот на Охрид кои ги прави централната власт. Тие гласаат за реализирани проекти, а не за празни ветувања. Ние се грижиме за Охрид како свој дом.
Општинска организација на СДСМ – Охрид
