МУАБЕТИ СО СТИЛ - Томислав Тунтев

Томислав Тунтев е политичар, но пред се' универзитетски професор, доктор на науки, автор на бројни научни трудови, но и литература која раскажува за минатото на Охрид.

Во интервјуто, Тунтев раскажува зошто не ги следел стапките од неговиот покоен татко, да стане лекар, како што тоа вообичаено го прават децата на лекарите.

Тунтев со жар и огромна љубов зборува за родниот град, за калдрмата на којашто израснал, за најубавите денови-деновите на младоста. Охриѓанецот кого го познаваат сите како Тони Тунте, не ја крие и љубовта кон театарот и зборува и за вложувањата во театарскиот аматеризам кога се барало карта повеќе за претставите што се подготвувале во тоа време. Како човек којшто е активен во политиката, вели дека не ја оправдува поделбата помеѓу граѓаните по разно-разни основи. Вели, љубовта кон родниот Охрид е таа што треба сите да не' обедини.