МУАБЕТИ СО СТИЛ: Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид

Томе Џамтоски е портпарол на Општина Охрид. Во емисијата „Муабети со стил“ зборува за неговата професија, новинарството, но и за она што го работи во моментов, гласноговорник на општината.

Според него, има разлика во новинарството порано и сега, но сепак, вели тој, контактот со новинарите, неговите колеги останува приоритет број еден, најмногу заради неговата сегашна работа, но и заради долгогодишната колегијална практика на дружење.

Џамтоски зборува за радиото, како медиум во кој најмногу се пронашол себеси, конкретно за Радио Охрид кое за жал, по пет и пол децении престана да постои.

-Не се каам за нештата што сум ги направил порано. Можеби се каам за нешто што не сум го направил, вели тој.