Даниел Јовески го режираше новиот спот на Нокаут

Познатиот охридски режисер, музичар и фотограф Даниел Јовески го потпишува новиот спот на групата Нокаут наречен „Ноември“.

Музиката е на Дарко Димитров, а текстот на Игор Џамбазов. Нокаут ја нудат нивната „Ноември“ на само два дена пред истекот на месецот ноември.

Видеата изработени под режисерска палка на Јовески се прегледани повеќе од 26. милиони пати на сервисот YouTube. Покрај за македонските музичари, Даниел изработува видео спотови и за бројни уметници надвор од границите на Република Македонија, за што се закити и со награди на познати фестивали и манифестации во Албанија и Црна Гора.

Погледнете во видеото погоре.

Извор: ohridpress.com.mk