Дубаи ќе го гради најголемото пристаниште на Блискиот Исток

Емирот на Дубаи најави нов туристички мега-проект, изградба на најголемото пристаниште на Блискиот Исток, со 1.400 места за јахти.
„Dubai Harbour ќе има пристаниште за бродови и терминал кој ќе биде во можност одеднаш да прими 6.000 патници“, соопштија од владата на Дубаи.
 
Главната зграда на пристаништето – светилникот ќе биде кула висока 135 метри. Во неа ќе се наоѓаат хотел и караула.
 
Идната марина во луксузниот крај на вештачки остров во облик на палма, ќе го зголеми вкупниот број на пристаништа за јахти во Дубаи на 4.400.
 

Дубаи, кој е едно од најатрактивните туристички места во светот, во 2015 година го посетиле вкупно 14,2 милиони туристи.
Dubai Harbour, како што е наречен новиот проект, не треба да се меша со Duabi Creek Harbour, пристаниште во источниот дел од градот.