ФОТО: Охридска работа - со лажица ги вади парите фрлени од ''Мостот на желбите''

Човекот заврзал лажица на метална прачка и со неа буквални ги ''срка'' металните монети кои туристите ги фрлале од ''Мостот на желбите'' во Охридско Езеро.

На овој мост се поставени симболи со хороскопските знаци, а лесноверни луѓе се молат пред знаците и фрлаат пари во езерото и притоа замислуваат желба, со надеж дека ќе им се исполни.

Што ќе биде со желбите на оние чии метални монети беа извадени од езерото не се знае, но јасно е дека молитивите се за пред Бог, и за во црква и џамија, а не за пред хороскопски знак.

Исто така е јасно дека на ''изумите'' во Охрид никогаш нема да им се види крајот.