Леден хотел, атракција којашто се памети!

Оваа градба секоја година започнува да се гради уште со првите паднати снегулки, а целиот хотел се топи до крајот на месец април.



Овојпат зборуваме за вистинска зимска магија и чудо од архитектура коешто се наоѓа во Канада. Една од најголемите канадски покраини, Квебек, околу Новата година станува најатрактивна туристичка дестинација бидејќи може да се пофали со атракција каква што никаде на друго место на светот во ваков облик и нема – леден хотел. Хотелот е наречен така бидејќи е буквално целосно изграден од потполно чисти дарови од природата – снег и мраз.
 


Хотелот е за прв пат отворен на 1-ви јануари во 2001-та година, а уникатната идеја и огромната посетеност направиле за оваа традиција да продолжи и 16 години подоцна.
А за овој леден хотел да биде изграден, секоја година се потребни 500 тони мраз, 15 илјади тони снег и 5 недели за комплетно да се изработи.
 

Собите во ледениот хотел се високи неверојатни 5.5 метри, а нивните ѕидови се украсени со уникатни и оригинални уметнички шари, додека целиот мебел е изрезбан од ледени блокови, па гостите на овој хотел секоја зима имаат прилика да ја минат ноќта на кревет изработен од мраз.



До сега овој оригинален хотел ја отворил својата врата за милиони луѓе ширум светот, а уште од 2001-та година важи за незаборавно и несекојдневно зимско искуство на ниво на целиот свет.


 
И за крај, секако, цената. Па, за една ноќ во овој хотел, и тоа во најмалата соба, ќе треба да издвоите импресивни 280 долари, додека за луксузна соба со брачен кревет ќе треба да издвоите дури 680 долари, само за едно ноќевање...