Минатата година во Охрид преку 830 илјади ноќевања од страна на над 230 илјади посетитлеи

Реализирани над 830  000 ноќевања од страна на над 230 000 посетители во 2016 година, се податоците кои ги сумираше Локалната самоуправа. Како што нагласува првиот човек на Охрид, Никола Бакрачески, превземените активности неизбежно резултираат со перманентен раст во посетеноста од домашните но и од странските гости.


 
-Согласно тоа реализирани се над 830 000 ноќевања од страна на над 230 000 посетители во 2016 година. Особено важен е податокот дека во последните 3 години, не само што е стабилизиран бројот на домашни туристи, туку во последните две години нивниот број значително се зголемува. Така само во 2016 година од страна на околу 110 000 домашни туристи реализирани се над 530 000 ноќевања, истакнува градоначалникот Бакрачески.


 
Секако тука за напоменување е и перменентниот раст кој го бележи и Охридскиот Аеродром „Св. Апостол Павле“. Во 2016 година реализирани се 1446 воздухопловни операции (36% повеќе од 2015, или 76% повеќе од 2014), со 138.854 превезени патници (33% повеќе од 2015, или 104% повеќе од 2014),... што во голема мера се должи на позитивните мерки за развој на туризмот и субвенциите кои се имплементираат од страна на Владата на РМ и Локалната Самоупрва на Општина Охрид во комбинација со промотивните активности.
 
Во последните 4 години порастот на странски посетители во просек се движи до 15% зголемување во однос на претходната година, додека во последните 2 години реализирани се по над 300.000 ноќевања на странски туристи годишно.