Новата модерна автобуска станица Охрид ќе ја има до почетокот на годинешната туристичка сезона

Охрид до почетокот на туристичката сезона ќе добие нова модерна автобуска станица. Градежните активности, како што најавува од „Делфина Турс“ , која што го гради објектот се одвиваат со засилено темпо. Имено, како што најавуваат од транспортната компанија и туристичка агенција “Делфина Турс”, до почетокот на оваа туристичка сезона, патниците ќе добијат билетарница, чекалница и други објекти коишто треба да ги содржи една современа автобуска станица.


Реномираната транспортна компанија и туристичка агенција „Делфина турс“ од Скопје стана сопственик на градежната парцела со вкупна површина од околу 12.000 квадратни метри, каде се гради новата современа автобуска станица. „Делфина“ официјално ја започна изградбата во декември минатата година. Оттаму најавуваат дека штом заврши изградбата на двокатниот објект кој ќе содржи билетарница, чекалница, кафетерија и гардеробер , како и деловни простории на горниот кат, веднаш потоа ќе започне и изградбата на трговскиот центар во рамките на автобуската станица којшто ќе се простира на површина од околу 10 илјади метри квадратни.

Вкупната инвестиција на проектот за изградба на современа автобуска станица во Охрид изнесува околу 6 милиони евра.