Од март почнува ''Охрид од понапред до денес'' на Охрид1 и Регионална О2

Од средината на март започнува емитувањето на серијалот ''Охрид од понапред до денес'' кој ќе се емитува на порталот Охрид1 за интернет просторот и Регионалната О2 која ќе го има правото да го емитува во етер.

Се работи за серија од 20 епизоди во кои авторот Доц. Д-р  Никола Митровиќ Бабе ги обработува процесите кои донеле просперитет, промени и унапредување на Охрид во последните неколку векови кога градот поминал низ двете балкански и двете светски војни.

До сега се снимени и продукциски обработени 10 епизоди , а првата е посветена токму на мерењето на часовите во Охрид и е насловена ''Од беговата Саат Кула до бизнис центарот на Инфо Биро'' . Во неа се обработува токму мерењето на часовите во Охрид, почнувајќи од периодот на ''Османлиската империја'' пред 290 кога часовници поседувала само елитата во Цариград, а бегот во Охрид ја изградил Саат Кулата, па се до денешниот најмодерен дигитален дисплеј кој покажува колку е часот над бизнис центарот на Инфо Биро во Охрид.

Потоа следуваат ''Од газијани лампи до лед светилки'' , потоа ''Од колови до кули'' и ''Од трите анови до 300,000 туристи'' па епизодите посветени на авијацијата, спортот, архитектурата. . .

Серијалот го снима Мегастар Продукција, а режисер е Борче Димоски.


Финансиски овој серјал е поддржан од неколку охридски компании за што Охрид1 дополнително детално ќе ја информира јавноста.