Султанката Косем - единствена жена регент кој урпавувал со Османлиската империја со полни овластувања

СУЛТАНАТОТ НА ЖЕНИТЕ !

Дали сте знаеле дека со Османлиската империја во одреден период урпавувала жена, која била регент со целони овластувања да ја води државата ? !


Косем султан (целосно име: Девлетлу Исметлу Махпејкер Косем Валиде султан Алијету Шан Хазретлери, или позната како Махпејкер султан; 1590 – 3 септември 1651) — една од најмоќните жени во историјата на Османлиската империја.

Таа била сопруга на султанот Ахмед  (владеел 1603-1617), кога извршила влијание во политичкиот живот на империјата, како и преку неговите наследници, односно преку нејзините синови Мурат  (владеел 1623-1640) и Ибрахим  (владеел 1640-1648), и конечно преку нејзиниот внук Мехмед (владеел 1648-1687), продолжувајќи ја политичката моќ на жените во султанскиот дворец, период познат како Султанат на жените.

Во времето на владеењето на нејзините синови Мурат  и Ибрахим , Косем султан ја извршувала функцијата Валиде султан. Така Косем султан станала една од највлијателните жени во историјата на Османлиската империја, која управувала самостојно два пати, од 1623 до 1632 година и од 1648 до 1651 година преку регентство.

По нејзината смрт, таа била позната под имињата Валиде-Мактуле (мајката-убиец) , и "Валиде-Шехиде (мајката-маченик).

Косем имала грчко потекло , родена околу 1589 година како ќерка на свештеник од островот Тинос. Нејзиното родено име било Анастасија и била одведена како роб во Истанбул од страна на босанскиот бејлербег кога имала 15 години, каде попаднала во харемот на султанот Ахмед и многу бргу станала негова омилена наложница. Кога го примила исламот, таа го променила своето име во Махпејкер, додека од страна на султанот Ахмед и било дадено името Косем..

По смртта на Ахмед  во 1617 година Косем била преместена во Стариот дворец, каде обично се праќале жените на покојните султани. Во 1623 година Косем се вратила како Валиде султан на својот син Мурат  (1623-1640).

Прво регентство

Поради фактот што во моментот на смртта на Султанот, нејзинито син Мурат бил малолетен, Косем султан започнала и да управува самостојно како негов единствен регент, до неговото стекнување на полнолетство во 1632 година. Така таа останала во историјата како единствена жена која официјално и самостојно владеела со некоја исламска империја. Во поголемиот дел од нејзиното владеење, Косем управувала ефикасно и лично присуствувала на состаноците на диванот дури и откако била ослободена од регентското место.

Второ регентство
Мурат , кој додека бил жив го забранил алкохолот, починал во 1640 година од цироза на црниот дроб. По неговата смрт на престолот се качил душевноболниот брат Ибрахим , кој поради ментални проблеми не можел да управува самостојно со огромната империја. Ова и овозможило на Косем да продолжи да ја диктира политиката на Отоманската империја. Ибрахим сепак бил убиен поради заговор, на чело на кој застанал главниот муфтија. По убиството на својот син Косем за нов султан го прогласила својот внук Мехмед. И овој пат Косем се прогласила за единствен регент на малолетниот султан и како таква таа управува од 1648 до 1651 година.

Смрт
Најголем непријател на Косем се покажала мајката на султанот, Турхан Хатиџе султан која наредила да се убие Косем султан откако таа подготвувала план за отстранување на Мехмед  од престолот. Косем султан била задавена со јаже од дворската стража на 13 септември 1651 година.

Нејзиното тело било испратено најпрвин во Старата палата, а потоа закопано во мавзолејот на нејзиниот сопруг Ахмед. Нејзината смрт била проследена со тридневна жалост во престолнината.

За Косем Султан снимена е и телевизиска серија и повеќе филмови.