Интервју со првиот човек на Котор - Владимир Јокиќ, најмладиот Градоначалник на Балканот

Имате 29 години и веројатно сте најмлад Градоначалник на Балканот. Како се случи еден млад, образован и веројатно амбициозен човек кој е дел од опозицијата да ги придобие гласачите во Котор и да победи ?

Во Котор се одржани Локални избори на 16 октомври 2016 година кога бев носител на изборна листа на Демократите, која во Котор во обрачот на опозицискиот блок освои најмногу гласови, па логично беше дека ќе следуваат демократски принципи и дека носителот на најаката листа ја превзема одговорноста. Демократите се релативно нова политичка партија, кои повеќето ја сочинуваат млади луѓе и која на политичката сцена во Црна Гора се појавила како израз на потребата за промена на генерацијата и незадоволството на граѓаните од досегашната политичка структура.За тоа дека Демократската партија во која учевствуваат млади луѓе е најдобра, зборува фактот што претседателот на Демократите Алекса Бешиќ има само триесет години.

Владимир Јокиќ денес има 29 години, а на изборите победи на 28 години.
 
Котор е град каде главна гранка на стопаството е туризмот. Кој се главните предизвици во таа област со кои се соочивте кога станавте Градоначалник ?

Голем број туристи го посетуваат Котор при што е неопходна адекватна инфраструктура која би го пратила тој прилив на луѓе. За жал, сообраќајната мрежа која Котор ја поседува моментално не гарантира добар проток на сообраќак во моментите кога голем број туристи истовремено доаѓаат во градот со крузери и патнички автобуси. Голем проблем во Котор е и фактот што нема во функција голем градски хотел.
Владимир Јокиќ е дел од политичката опција „Демократска Црна Гора“ која во јавноста се презентира под бредндот ДЕМОКРАТИ
 
Вие дојдовте на власт после децении владеење на друга политичка партија. Во каква состојба беше општината по долгиот период на непроменета власт ?

Владеењето на истат владина структура во период од 23 години оставила голема последица на сите нивоа. Односите со клиентите, администрацијата, застарените процедури, непостојоаните модерни системи од ИТ секторот, како и останати работи кои ги наследивме и успешно ги пременуваме.

Какви се плановите за развојот на општината во иднина ? Секако турзмот е темел на економијата кај вас, но какви се плановите за развој на целата општина со сите наслеби во Бока Которска ?


Котор најпрво ќе се развива како град удобен за живот на своите граѓани, од културните содржини, комуналната инфраструктура која ќе овозможи ефикасно подигнување и сервисирање на потребите на жителите и најважното како град во кој се доаѓа и кој нуди перспектива на сите свои жители. Туризмот е природно главната развојна шанса на Котор, но туристичките потенцијали во Котор ќе се развиваат на тој начин да не се загрозува природното и културното наследство на Бока Которска, поради кое доаѓаат туристите.
 
Бевте во посета на Охрид, а неодамна нашиот Градоначалник беше во во возвратна посетан и притоа се потпиша протокол за соработка. Какви се очекувањата во иднина за соработка меѓу двата града ?



Охрид сум го посетил приватнои во таа прилика се запознав со Вашиот градоначалник Д-р Бакрачески. Веднаш договоривме официјална посета на Котор и воспоставивме соработка. Очекувам дека Котор и Охрид ќе постанат два блиски града кои ќе разменуваат искуства од областа на културата, туризмот и зачувувањето на имотот во кругот на УНЕСКО.
 
Какви впечатоци понесовте од Охрид ?


Охрид е фантастичен град со прекрасна убавина. Она што ме “купи” од првиот миг во Охрид и Македонија е топлината и срдечноста на луѓето кои ги сретнав, кои веќе сега ги имам како свои пријатели. Бидете уверени дека Охрид е веќе моето омилено место за одмор.

 

Со оглед дека сте млад, дали црпите искуства од нашиот Градоначалник кој е постар од Вас? Дали се консултирате со него, дали на некој начин лично може да Ви помогне со совети и идеи ?

Јокиќ ги презентира убавините на заливот Бока Которска пред Бакрачески.


Доктор Бакрачески е човек од кого може многу да се слушне и научи. Големо е задоволството што го запознав и што имав чест со него да потпишам протокол за соработка на нашите два града. Се надевам дека таа соработка ќе биде квалитетна колку и односот на разбирање на Д-р Бакрачески со мене. Сметам дека Охрид имал среќа што човек како Никола бил градоначалник во претходниот период.
 
Што би и кажале на публиката во Охрид и Македонија која сега Ве чита ? Зошто да го посетат Котор ?

Котор најпрво треба да се посети поради богатата историја која може да се допре во него, фантастичниот залив кој е меѓу 25-те најубави на светот и културното богатство кое Бока го поседува. Посетете го Котор бидејќи спомените и фотографиите кои ќе ги понесете од тука се неспоредливи со било кое друго место на светот.
 
 Весна Баштованска