Градот Скопје го заборави капитенот на европскиот шампион

Град Скопје ги објави добитниците на наградата „13 Ноември" за 2017 година. Чудно, но вистинито од областа на спортот наградени се тренерот на фудбалскиот клуб Вардар, Чедомир Јаневски и кајакарот Атанас Николовски, а не капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов, кој заедно со своите соиграчи ја покорија Европа и станаа прваци.

Град Скопје ги објави добитниците на наградата „13 Ноември" за 2017 година. Чудно, но вистинито од областа на спортот наградени се тренерот на фудбалскиот клуб Вардар, Чедомир Јаневски и кајакарот Атанас Николовски, а не капитенот на РК Вардар, Стојанче Стоилов кој заедно со своите соиграчи ја покорија Европа и станаа прваци.

„Спортмедиа“ не го оспорува доприносот на Јаневски и Николовски, но се запрашува зошто Град Скопје го заборави РК Вардар, поточно капитенот на европскиот првак. Наградата „13 Ноември" која се доделува за физички лица, дефинитивно требаше да заврши во рацете на Стоилов.

Зар ги заборавија четирите трофеи кои ги крена македонскиот репрезентативец и зар требаше да му се даде предност на Јаневски, кој во Македонија работи само последниве два месеци од тековната година.

И за крај, од Град Скопје заборавија дека токму ракометарите предводени од капитенот Стоилов ја направија најголемата фешта на плоштадот „Македонија“, кога го донесоа најзначајниот европски трофеј, а беа пречекани од илјадници навивачи.

Самиот Стоилов пред неколку месеци на шега најави дека има енергија и не е уморен од крвање на трофеи и признанија. За жал наградата „13 Ноември" од Градот Скопје не ја доби, а целосно ја заслужи.

Извор: http://sportmedia.mk