Не е ни почнат со градење, а веќе е резервиран повеќе од пола

Реномираниот романски хотел за мраз, единствениот од ваков вид во Југоисточна Европа, е резервиран дури 60 отсто, иако нејзината изградба се уште не е започната.

Хотелот “Хокеј”, кој се наоѓа во близина на езерото Балеа на планината Фагарас, се гради секоја година повторно, од блокови на мраз и снег.

Изградбата на овој хотел би можела да започне кон крајот на ноември, кога се очекува дека температурата ќе падне доволно за да им овозможи на работниците да започнат со работа и изградба.

Отворањето на хотелот беше најавено за 23 декември, па се очекува дека сите работи ќе бидат завршени до тогаш.

Нивната соби во хотелот биле резервирани и за романските и за странските туристи, а оваа година има 14 соби на располагање. Двокреветна соба чини 100 евра за вечер.

Туристите кои имаат малку помал буџет можат да се одлучат за изнајмување на една од шесте иглоа што ќе бидат изградени во близина на хотелот. Сместувањето е 150 евра, но едно игло може да смести шест лица.

Како и во претходните години, собите ќе бидат украсени со мраз скулптури кои се направени на одредени теми. Овогодишната тема е “музички ѕвезди”, а собите ќе ги красува Елвис Присли, Мајкл Џексон, Принс, Мадона, Ролинг Стоунс …