Охридските теквондисти викендов на БУГАРИЈА ОПЕН 2017

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд 24-26 .11 2017 ќе учествува на меѓународен теквондо итф  "А Класа" турнир "БУГАРИЈА ОПЕН 2017" во Благоевград, Бугарија, кој е најјак турнир во Европа , од ваков тип на турнири.

На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, такмичарите на  Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ,  ќе ги одмерат силите во  спаринг-борби поединечно и екипно, каде ќе настапат со две екипи кадети 10-14 год,и јуниори 14-15 год.



Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир.