На дно на езеро во Турција пронајден изгубен град

Изгубениот град стар 3, 000 години е пронајден на дното на езерото Ван во Турција.

Нуркачите и истражувачите сметаат дека остатоците биле дел од тврдина изградена во времето на античкото кралство Урарту, во периодот меѓу 9 и 6 век пред нашата ера.

На основа на видливиот дел, се смета дека ѕидовите на тврдината биле високи од 3 до 4 метри. Водачот на тимот Тасим Џејлан истакнал дека многу цивилизации и народи се населувале околу езерото Ван, кое во тој период се сметало за горно море и верувале дека крие многу мистерии.

Ова не е прво откритие во ова езеро. На почетокот на годината пронајдени беа делови од руски брод, за кој се смета дека потекнува од 1948 година