Даниел Кајмаковски и Димитар Андоновски си купија Божикни пештери во Манастирот во Рајчица

Со благослов на игуменот на Бигорскиот манастир,архимандрит Партениј, Раичкото сестринство, поттикнато од желбата да ја внесе божиќната атмосфера во православните домови, се погрижи да изготви Божиќни пештери и така да одговори на големиот интерес на верниците за вакви божиќни украси.

Божик е време кога треба да се потсетиме на најголемиот дар на Бога за целото човештво, најголемиот израз на Неговата љубов – раѓањето Негово од Дева, заради спасението на светот. Затоа сѐ на Божик треба да потсетува на тој спасителен за нас миг.

Тогаш и домовите наши треба да го носат ликот на Витлеемската пештера, за со својот празничен амбиент да ја раскажуваат таа чудесна Божикна приказна за Божественото Дете, Кое дојде кај нас и ни ги донесе мирот, радоста, љубовта. Така, со благослов на својот старец, архимандрит Партениј, Раичкото сестринство, поттикнато од желбата да ја внесе божикната атмосфера во православните домови, се погрижи да изготви Божикни пештери и да така одговори на големиот интерес на верниците за вакви божикни украси.

Пештерите се направени од различни прикладни материјали, уникатно украсени и збогатени со иконата на Рождеството Христово и со кандилце и претставуваат прекрасно надополнување на Божикното дрвце, во духот на нашата православна традиција.

Дочекани од сестрите во Манастирот, чија главна грижа во овој период од годината, е да снабдат што повеќе домови и институции со еден од најубавите симболи на празникот – Божикната пештера, Даниел, Димитар, и нивните семејства се придружија на поголемата група деца од Охрид и Скопје, кои редовно доаѓаат да помагаат во декорирањето на пештерите.

На 6-ти јануари Бадникови поворки ќе ги обиколуваат улиците на Охрид и на голем број градови во Македонија, како и учењето на древната православна традиционална песна „Вечниот Бог“ во друштво на најпознатите пејачи од забавната музика.

Ги известуваме сите заинтересирани наши верници дека доколку сакаат да си ги украсат своите домови со рачно изработена Божикна пештера, можат да пратат СМС или да се јават на следниoв броj 078 383 772 за нарачка. Цената на една пештера е 1500 денари. За потребите на храмовите направени се и неколку поголеми пештери. Димензиите на овие пештери заинтересираните можат да ги дознаат со јавување на споменатиот број.