Истражете ги убавините на Турција и посетете го шармантниот хотел "Мачакизи"

Од Истанбул до Кападокија, Бодрум до Анкара, Турција е полна со неверојатни пејзажи кои ве чекаат да ги откриете. Ако навистина сакате да ја истражите убавината на оваа земја, единствениот хотел Мачакизи може да биде идеалното место за вас.

Овој скапоцен камен со пет ѕвездички се наоѓа само на неколку километри северно од Бодрум, а нуди комбинација на врвна услуга и шармантни погодности, кои се пропратени со прекрасно опкружување и магичен поглед кон море. Малиот град Туркбуку е местото кое треба да го запомнете, бидејќи токму таму се наоѓа хотелот Мачакизи кој располага со 54 прекрасни соби и 20 апартмани, кои се декорирани со уметнички дела од уметникот Суат Акдемир. 
Во зависност од вашиот избор, можете да уживате во глетката кон градината, морето или неверојатниот луксуз каде имате загарантирана приватност. Во секој случај, релаксираните ноќи и величенствените утра ќе бидат дел од вашето искуство.


Во овој хотел, својата соба можете да ја претворите во спа центар и да нарачате третман за лице или специјална масажа. Доколку припаѓате во групата на луѓе кои се "опседнати" со физички активности, можете да го посетите и фитнес центарот или да пробате јога и пилатес.
Како и да е, доколку барем малку ве заинтересиравме, останува на вас да се уверите и да уживате!