Почна изборната кампања во Каталонија, Пуџдемон се обрати преку видео врска од Брисел

Во Каталонија започна кампањата за изборите за членови на регионалниот Парламент, кој беше распуштен од страна на властите на Шпанија откако пратениците при крајот на октомври изгласаа независност на тој шпански автономен регион.

Некои од водечките кандидати на партиите кои се залагаат за независност се или во притвор во Мадрид или во бегство, како разрешениот премиер Карлес Пуџдемон.

Пуџдемон се обрати на митинг во Барселона преку видео врска од Брисел, каде се наоѓа од укинувањето на каталонската автономија од страна на Мадрид по прогласената независност.

- Шпанските власти сакаат да ги постават сите можни пречки на нашиот пат, за да не можеме да водиме кампања под еднакви услови со другите кандидати. Каталонските гласачи бираат меѓу својата нацијата и потчинувањето, меѓу каталонските институции и мрачните политичари од Мадрид, изјави Пуџдемон.

Од исходот на изборите се очекува да се види дали Каталонија ќе опстои на проектот за независност од Шпанија.

На претходнте избори во 2015 година, партиите кои се залагаат за независност се обединија и освоија тесно мнозинство во Парламентот. Овојпат, сепаратистичките партии настапуваат на изборите одделно, со посебни кандидатски листи