Астронаут направи неверојатни снимки на Земјата од Вселената

Италијанскиот астронаут Паоло Несполи од Меѓународната вселенска станица ја сними поларната светлина – аурора бореалис, и потоа ја објави снимката на својот Twitter профил.

Беа сликани неколку фотографии, кои подоцна беа споени во кратко видео.

Несполи работи на Меѓународната вселенска станица во склоп на долготрајната мисија VITA, која е под надлежност на Италијанската вселенска агенција.

Италијанскиот астронаут направи неколку снимки вклучувајќи и поглед на Персискиот залив, но и на движењето на огнената топка према Земјата.