Ердоган во историска посета на Грција

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска ќе доптаува во дводневна историска посета на Грција, чија цел е да се забрза подобрувањето на односите меѓу двете земји, кои се оптоварени со повеќе спорови.

За време на оваа прва посета на еден турски претседател на Атина по 1952 година, Ердоган ќе се сретне со грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и со премиерот Алексис Ципрас, по што ќе отпатува во Западна Тракија, каде ќе има средби со претставници на локалните жители, кои за Грција се „муслиманско“, а за Турција „турско малцинство“.