Во посета на Охрид денес е познатиот некогашен српски репрезентативен голман на ФК „Партизан “, Ивица Краљ.

Во посета на  Охрид денес   е познатиот некогашен српски репрезентативен   голман на ФК „Партизан “, Ивица Краљ.

Тој заедно со претставници од локалната самоуправа на  Шабац, оствари работна средба со градоначалникот на општина Охрид, д-р Јован Стојаноски. 

На средбата меѓу другото се разговараше за можноста фудбалски екипи од Р. Србија  да имаат подготовки за натпревари  во Охрид како и да се организираат тренинг кампови. На состанокот  се разгледуваа и можностите  за идна економска соработка меѓу двете општини, Охрид и Шабац.

Некогашниот репрезентативен голман,  Краљ кој  е  актуелен   претседател на ФК „Мачва“ од Шабац,  попладнево со претставници од  општина Охрид ги разгледува спортските капацитети на градов.