Бобан Наумоски советува како да се пребродат празниците и обилните трпези

Бобан Наумоски, повеќекратен шампион во бодибилдинг и сосптвеник на најдобрата продавница за суплементи Genesis - Health Fitness Power во краток разговор за Охрид1 открива што да правиме за празниците и како да се справиме со предизвикот наречен полна трпеза , мрсна храна и алкохол...

На големо сме во зимските слави и празници, а следува и Нова година кога сите се опуштаме и јадеме повеќе и неквалитетно. Што советува Бобан Наумоски за овој период од годината ? Да бидеме ли поопуштени во исхраната, пиењето алкохол ?

Фитнесот, Бодибилдингот и воопшто обликувањето на телото бараат голема дисциплина и посветеност, како со исхраната така и со тренинзите. Луѓето треба еднаш да разберат дека резултати преку ноќ во овој спорт, НЕМА ! Нарушувањето на диетата и тренингот за еден или два дена во месецот нема да направи проблем во процесот на обликување на телото. Сепак моето искуство вели дека прекршувањето на диетата на повеќе од еден ден може многу лошо да влијае на психичката дисциплина, односно телото многу лесно можеме да го доведеме во ситуација повторно да копнее по благото, мрсната храна и слично. Мој совет е да одберете еден ден во кој максимално ќе се опуштите и уживате во приготвената храна, па и алкохол, но потоа гледајте што побрзо да се вратите во нормала и продолжите да тренирате и здраво да се храните.


Што да правиме во теретана во овој период од годината , ако веќе сме понедисциплинирани во исхраната ? Какви тренинзи да практикуваме додека траат празниците ?

Оние кои се недисциплинирани со исхраната и алкохолот за време на празниците имаат генерално проблем со внес на голем број калории, многу поголем од тој кој им треба. Истите се соочуваат и со друг проблем - ја немаат енергија а со самото тоа и волјата за вежбање. Тоа се случува бидејќи многу побитен фактор од количината на калориите кои човекот ги внесува е квалитетот на калориите. За да биде појасно би направил една паралела со Формула 1 болидите. Тие можат да работат и на обичен бензин, но нивното забрзување и максималната брзина ќе бидат значително пониски.

Што по празниците ?

По празниците, за дисциплинираните не треба некој посебен совет, треба само да ја одржуваат мотивацијата на високо ниво и  продолжат да го прават тоа кое и досега го правеле. Недисциплираните пак ќе треба да го детоксифицираат телото со правилен начин на исхрана и суплементација и полека да почнат со правилен начин на ихрана и тренинг.

Набројте ни три производи од суплементите кои би ги препорачале за овој период од годината ?

Изборот на суплементи зависи од многу фактори, како типот на телото на вежбачот, процентот на масни наслаги, животниот стил како и желбата на вежбачот што сака да направи со своето тело. Нема комбинација која е универзална за секого. Доколку би морал да бирам, за оние кои сакаат да ја зголемат својата мускулна маса би препорачал чист Протеин, Глутамин и Креатин или
Рreworkout, а за оние кои сакаат да го намалат процентот на масни наслаги би препорачал Протеин Изолат, ВСАА и топач на масни наслаги. Сепак најдобро е секој индивидуално да дојде и да го посети Генесис, и заедно да одлучиме што е најдобро за остварување на неговите цели. Да напоменам, покрај квлитетот на суплементите, исхраната мора да биде максимално средена за да го осетите правиот ефект на додатоците во исхраната, истите не се магична пилула и немаат резултати преку ноќ.