БОБАН НАУМОСКИ: После празничните трпези , време е за тренинг во ИБ ФИТНЕС и здрава исхрана

БОБАН НАУМОСКИ е четирикратен шампион во бодибилднг на Македонија. 
Рекордер по број на победи во јуниорска категорија.
Првиот ( и сеуште единствен ) јуниор кој ја претставувал Македонија на официјално IFBB светско првенство.
Персонален тренер во ИБ ФИТНЕС и познавач на нутриционизам.


„Охрид 1“ објавува интервју со Бобан Наумоски со кого разговараме за фитнесот и боди билдингот, ИБ ФИТНЕС центарот, правилната исхрана, и вежбањето како препорачлива активност во модерното време. Додека траеше разговорот Бобан истовремено одржуваше персонален тренинг со Златко Апостолоски кој тренира токму во ИБ ФТИНЕС.

Празниците завршуваат, а го ИБ ФИТНЕС евидентно е дека секој ден се повеќе луѓе доаѓаат да се ослободат од вишокот киогорами кои ги добиле за време на зимските слави и празници. Што Бобан препорачува за почеток ? Што да правиме со нашето тело кое во празниците сме го полнеле со мрсна храна, тестенини, алкохол ?

БОБАН: „Вистина е дека секоја година ни е влезено во пракса да се дебелееме во зимскиот период, а потоа да се "мачиме" да слабееме за да изгледаме ФИТ на плажите. 90% од вежбачите се соочуваат со ваков проблем.  Луѓето ФИТ животот треба да го сватат како животен стил, а не како нешто со кое се мачат 4 месеци на пролет за да извадат стомачни на плажа. Така ќе го заштитат своето тело од постојани шокови на нагло добивање и губење килограми со кои пропратно можат да имаат проблеми со хипертензија, дијабет, отоци од поткожна вода, тироидни нарушувања и слично. Со самото тоа што ќе се одржуваат во форма, диетата ќе биде значително поподнослива, а храната со поширок спектар на избор.“


Крај на јануари е, а луѓето тренираат за да го покажуваат добриот изглед во јавност. Има ли време до мај да се среди телото , да се отстрана маснотиите, да се подобри здравјето и изгледот ? Може ли тоа да се постигне за 4 месеци ?

БОБАН: Апсолутно! Со правилен начин на исхрана, тренинг и кардио активности за 4 месеци може да се симнат од 10-30 килограми тежина, зависно од моменталната физичка и психичка состојба на идивидуата. Тоа е драстична промена која е голем бенефит за телото и здравјето на вежбачот.



Каков совет би им дале за исхрана на вашите клиенти или оние кои сакаат да чујат токму од вас ? Што со исхраната во овој период до лето, па и во текот на летото ?
Туна салата - препорачана од нутриционистите како здрав и диетален оброк полн со протеини и витамини.

БОБАН: Советот не може да биде еден за сите. Најдобро е сите заинтересирани да го посетат ИБ Фитнес Центарот или продавницата за суплементи Genesis, и по детална анализа на психофизичката состојба на лицата, истите ќе добијат индивидуална програма за тренинг и исхрана, во зависност од нивните желби.

Теретаната ИБ и целиот фитнес центар располагаат со најдобри услови во Охрид, а и пошироко во овој дел на Македонија. Што нудите за тие кои тренираат боди билдинг, за фитнес, други тренинзи ?

БОБАН: ИБ Фитнес и неговиот тим е спремен и има комплетна понуда за секакви спортски активности. Имаме комплетно опремена теретана за аматерски и професионален фитнес и бодибилдинг, имаме сала за фудбал, кошарка, тенис, ракомет, одбојка, помошна сала за баскет, пинг понг, бокс и други боречки вештини. Добро познатиот професор по физичка култура Ристе одржува часови по аеробик, пилатес, боди-комбат и зумба. Никола Вретоски е задолжен околу школата за кошарка, Александар за фудбалската школата, а јас и Златко сме ориентирани околу фитнесот и бодибилдингот. Организирани сме на највисоко ниво, и секој си има активности во полето за кое е најспремен и може најмногу да придонесе.

Вие веќе шест месеци имате своја продавница за суплементи. Зошто и кога се одлучивте да го отворите Genessis ?


БОБАН: Така е, јас пред брзо време ја отворив долгоочекуваната продавница за додатоци во исхраната во Охрид - Genesis. Тоа ми беше сон уште од 2010та година кој конечно ми се оствари во Мај 2017та. Многумина се прашуваат зошто толку долго чекав на овој чекор, па еве ќе одговорам во  оваа прилика. Магистер сум по маркетинг менаџмент и секогаш ќе паметам еден час во кој професорот не научи дека доколку се одлучиме да отвориме приватен бизнис, треба да направиме БУМ, да сме подобри од конкуренцијата во секое поле, и да сме спремни да реагираме доколку се појави конкуренција на пазарот. Во главата од 2010та знаев точно кои брендови на суплементи сакав да ги донесам во Охрид за да имам најквалитетна понуда не само во Охрид туку и во Македонија, како ќе изгледа продавницата од надвор и внатре и сите пропратни детали од препознатливоста на логото и името на продавницата. Кога бев комплетно спремен пролетта минатата година, заедно со сопругата се одлучивме да ја отвориме првата продавница од таков вид во Охрид.

Некогаш низ јавноста стурјат информации со кои се критикува употребата на суплементи ? Се прави погрешна претстава меѓу суплементите ( протеини, амино кислеини ) и стеродите кои нешто сосема дурго. Може ли ова да го појасниме, што се суплементи , поточно протеини, а што стероиди ?

БОБАН: Ова е најдоброто прашање кое заслужува детален одговор за еднаш и засекогаш да се реши дилемата околу суплементите - додатоци во исхраната и стероидите - хормонски лекови познати како злогласната "хемија". Над 80% од земјинава популација во одреден дел на својот живот користеле некаков вид на суплементација. Ц-витаминот кој секојдневно сите го користиме е суплемент, потполно исто како и протеините, аминокиселините и слично. Бидејќи се најозборувани, еве конкретно ќе појаснам колку се "штетни" протеините како суплемент - потполно исто како и вареното јајце кое му го давате на вашето двегодишно дете, телешкиот бифтек кој го јадете во ресторан, домашната урда од вашата баба, направена од најквалитетно млеко. Протеините се направени баш од овие намирници, со најсовремени процеси прочистени се од непотребните масти и холестерол, натриум, лактозата, додаден им е само вкус за потполно уживање во истите.
Златко Апостолоски ( 23 години ) тренинг партнер на Бобан во ИБ ФИТНЕС ЦЕНТАР

Стероидите и нивната злоупотреба од страна на некои од билдерите се главната причина за лошиот глас кој ги бие на спортските суплементи. Тие се создадени како лекови за лечење разни хормонски нарушувања, тешки заболувања и повреди и никако не смеат да се употребуваат и злоупотребуваат, особено не додека лицето нема 23 години, односно сеуште не е физички досозреано.

 
Колку се важни кардио вежбите ? Какви кардио тренинзи Бобан препорачува во ИБ ФИТНЕС ?

БОБАН: Аеробниот тренинг, познат како кардио вежби е исклучително еден од најдобрите работи кои можете да му ги подарите на вашето срце и тело. 2-3 тренинга во неделата со времетраење од 20тина минути се сосема доволни за вашето срце да бие силно и здраво и да се намали ризикот од срцеви заболувања. Со редовни кардио вежби исто така се трошат голем број калории и се забрзува метаболизмот а со самото тоа се поттикнува трошењето на масни наслаги.

Зошто ИБ ФИТНЕС ? Кои се предностите ?
 

БОБАН: ИБ ФИТНЕС е најголем приватен спортски центар во Охрид. Располага со најдобри услови за спортување во Охрид и овој дел од Македонија и морам да напоменам дека има најквалитетен кадар. Во центарот се ангажирани професори по физичка култура, а имаме и професионални спортисти ( фудбалери ) на кои тоа им било професија во животот. Центарот е најмодерен, има најдобри услови за тренирање професионално или рекреативно спортување, а пред се е препорачлив за припадничките на женскиот пол кои тука имаат услови да вежбаат буквално се што им треба, во теретана или други сали, кои се климатизирани. Спортските школи одлично се надополнуваат со фитнесот, пинг понгот, кошарката, фудбалот или теретаната бидејќи додека децата се на часови, нивните родителите спортуваат или се дружат во кафе барот. Мислам дека доволно предности наборив.