Genesis и ИБ ФИТНЕС ПРЕДИЗВИК - најсигурен пат до посакувано тело !

Пред околу 2 и пол месеци, најдобрата продавница за спортска суплементација и опрема - Genesis направи повик со кој бараше да се пријават 3ца кандидати со загрозено здравје заради прекумерна телесна тежина. На истите му беше понудена 3 месечна платена членарина во најдобриот спортски комплекс во Охрид - ИБ Фитнес, целосна посветеност и персонални тренинзи со сопственикот на Genesis како и изготвување персонализиран нутриционистички и тренинг план.

По 10 недели од повикот на Genesis, Охрид 1 објавува детали за пријавените кандидати и нивниот досегашен прогрес.


Зачудувачки е фактот на слабата заинтересираност на луѓето со проблеми со прекумерна тежина и покрај ваквата бесплатна понуда за промена на нечиј живот и подобрување на нечие здравје и заштеда од стотици евра за персонални тренинзи и персонализирани програми.


На повикот се пријавиле петнаесетина кандидати кои од различни причини не ја започнале својата трансформација. Најголемиот дел одбиле да направат платен спортски преглед во заводот за Кардиологија - Охрид, кој вклучувал мерење на притисок, ЕКГ, ЕХО, Стрес Тест и крвна слика, прегледи за кои Бобан инсистирал да се направат бидејќи со нив би се установила физичката и здравствената состојба на кандидатите , и би се дало зелено светло од специјалист за истите да можат да започнат со нивните трансформации. 

Од сите кандидати само Климент Ангелоски успеал успешно да ги помине сите здравствени прегледи и интервјуа во кои Бобан оценувал колку кандидатите се психички спремни да издржат 12 неделен строг режим на исхрана и напорни тренинзи, бидејќи сепак се работи и за репутацијата и знаењето на Бобан Наумоски, кој неможе да контролира дали кандидатите ќе се придржуваат на препишаниот план за исхрана.

Климент Ангелоски е 26 годишно момче од Охрид, кое воопшто немал физичка активност долго време, и исхраната му се состоела воглавно од мрсна храна со многу леб и прости шеќери. На почетокот на трансформацијата на 01.12.17 година тежел 106 килограми. По 9 недели од неговиот персонализиран режим Климент успеал да намали 16 килограми од својата тежина. Во 10тата недела од режимот Климент влегува со тежина од 90 килограми, и околу 5 килограми повеќе мускулна маса.

Поврзани вести