Шампионски старт на натпреварувачката 2018 сезона на теквондо- клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец –Охрид

Теквондо- клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец –Охрид, минатиот  викенд зеде учество на меѓународниот Таеквондо ИТФ  А класа турнир СРБИЈА ОПЕН 2018 , во Суботица, Србија.
   На овај турнир учествуваа на натпреварувачи од  34 клубови од 14 земји, каде имаше натпреварувачи од  Украина, која е трета светска сила во ИТФ таеквондо, Бугарија која е четврта светска ИТФ сила, Словенија, Словачка, Чешка, Аустрија, Унгарија, Хрватска, Бих, Србија,Романија, Италија, Македонија, Грција, каде учествуваа неколку светски и европски актуелни шампиони, со што го направија овај турнир многу квалитетен.


    Благодарение на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ кој и овај пат ни овозможи да учествуваме на овај престижен турнир, каде многу земји го искористија овај турнир за да ги проверат своите репрезентации за наредното Европско првенство во Талин, Естонија, а истотака и ние го тестиравме нашиот репрезентативец Филип Јосифоски, кој ќе не претставува на Европско, и премногу сме задоволни што во својата категорија  во борби го освои второто место, при што загуби од актуелен светски вицешампион Антон Огорелков, репрезентативец на Бугарија, при што во регуларано време извади нерешено, и загуби на продолжение со многу тесна разлика, а истотака во Про Теквондо  се бореше со актуелен светски шампион Рами Шау, истотака репрезентативец на Бугарија, истотака загуби  за многу тесна разлика, со што ветува за добар пласман на Европското првенство во Талин, Естонија.


    Нашиот клуб настапи со 17 натпреварувачи  од кои 3 дебитанти и успеа да освои вкупно 21 медали , од кои 4 златни медали, 4 сребрени и  13  борнзени медали .
    Освојувачи на медали  се
-Филип Јосифоски ,         2 место-сребро борби -64 кг сениори,
                                              3 место-бронза форми црн појас II дан.
-Миле Климоски,            1 место-злато форми црвен појас сениори.
-Јане Димов,                     1 место-злато  форми зелен појас јуниори 16-17 години,
                                              3 место-бронза борби +75 кг јуниори 16-17 години.
-Антонио Јанески,           1 место- злато форми зелен појас јуниори 14-15 години.
-Божидар Димитриевиќ, 3 место-бронза     борби +70 кг јуниори 14-15 години.
                                                 3 место -бронза  форми плав појас јуниори 14-15 години,
 
-Анастасија Велјаноска,  3 место- бронза борби -60 кг јуниорки 14-15 години,
                                                2 место-сребро форми жолт појас јуниорки 14-15 години.
-Ангела Велјаноска,         3 место- бронза борби -55 кг јуниорки 14-15 години,
                                               3 место-бронза форми жолт појас јуниорки 14-15 години.
-Христијан Митрески,     2 место -сребро  формиплав појас јуниори 14-15 години,
                                               3 место-бронза    борби +70 кг јуниори 14-15 години.       

                                                                                                                                                                               

-Елена Јанеска,                  1 место-злато  борби +40 кг девојчиња 10-11 години,
                                               3 место-бронза жолт појас девојчиња 10-11 години.
-Давид Велковски,           3 место-бронза борби -60 кг. Јуниори 14-15 години.
-Филип Трифуноски       3 место борби -55 кг кадети 12-13 години.
-Стефан Каланоски         3 место-бронза форми зелен појас  јуниори 14-15 години.
-Давид Крстески              2 место-сребро борби, -35 кг. деца  10-11години,
                                              3 место –бронза форми плав појас деца  10-11години,