Македонија дел од Европската Таеквондо ИТФ елита во Талин –Естонија

  Таеквондо ИТФ Македонија  под водство на претседателот Марјанчо Лазаревски црн појас IV дан , поранешен светски вицешампион  , од  23-30 април 2018 ќе учествува на Европското Таеквондо ИТФ  првенство во Талин –Естонија.
Боите на нашата држава ќе ги бранат:
Ацо Јосифски црн појас IV дан, поранешен светски шампион кој ќе се натпревараува  во две дисциплини , во форми за дан ветерани и борби -71  кг ветерани.
 Филип Јосифоски, црн појас II дан , кој ќе се натпреварува во 3 дисциплини , форми црн појас дан  сениори,борби -64 кг сениори, и специјални техники сениори.
Подготовките  течеа последните 2 месеци секојдневно , го дадовме сиот наш максимум и се надеваме на солидни резултати, знаеме дека кокуренцијата е огромна, само да напомениме дека едни од најјаките репрезентации во светот како што се Русија ,Украина,Бугарија се  учесници, со  што освоен медал на Европско првенство ветува и медал од светско. Најповеќе се надеваме на Филип во борби и специјални техники,кој досега на многу меѓународни натпревари се покажа одлично , па се надеваме дека ќе го даде максимумот  и ќе не израдува со добар пласман, вели Марјанчо Лазаревски предводникот на нашата репрезенатција.


Исто така , Марјанчо Лазаревски  корисити прилика да изрази најголема благодарност на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој е најзаслужен за нивниот настап на ова Европско првенство, а воедно истотака овај викенд во Скопје помладите  натпреварувачи ќе учествувааат на Меѓународен ВТ турнир , на кој ќе настапат неколку дебитанти , кои за првпат ќе  го почувствуваат натпреварувачкиот  дух, и се надеваме дека и од нив некој ќе не израдува со добар резултат.