Златко Апостолоски со 6 дневни подготовки освои 4-то место

Вежба цела година, се подготвувал само шест дена.

Минатиот викенд во Битола на државниот натпревар бо боди билдинг се појави и охриѓанецот Златко Апостолоски, кој со само 6 дена подготовки освои четврто место во новиот натпреварувачки правец „физик“.

Апостолоски е своевидно заштитно лице од рекламите за најсовремениот и најопремен спортски центар во Охрид, ИБ ФИТНЕС , кој покрај тоа што е нај опремен центар во градот, ги има и најдобрите инструктори по фитнес и боди билдинг и професори кои одржуваат школи и тренинзи речиси од сите спортови.

Кратките подготовки Апостолоски ги направи со повеќекратниот шампион на Македонија Бобан Наумоски кој е дел од тимот на ИБ ФИТНЕС и е сопственик на продавницата за спортски суплементи „Генесис“ од Охрид.



Како дојде до одлука да се појавите на натпреварот со Златко Апостолоски и да го подготвувате за тоа само 6 дена ?

Со Златко сериозно вежбаме веќе цела година. Тоа е човек со неверојатна генетика кога станува збор градењето на мускулна маса, земајќи ја во предвид тешката физичка работа која секојдневно ја работи, и минималната суплементација која ја користи. Тој е еден од ретките кои се натпреварувале без никаков стимуланс. Одржува ваква форма веќе цела година и доби желба да си ја проба среќата во Физик категорија додека пиевме коктели во Куба Либре, на само 6 дена пред самиот натпревар.

Што можи да се направи за 6 дена ? Дали тоа е сериозно или повеќе како авантура ? 

За 6 дена неможе да се направи ама баш ништо. Тоа е период во кој се полираат финесите, се вади поткожната вода и телото се одмара, а кожата се припрема за натпреварот ( пилинг, депилација, потемнување и слично).

Како изгледаа овие подготовки во тие 6 дена ? Што правевте ?


Како што кажав погоре, од тие 6 дена, вежбавме само првите 3 дена, а останатите 3 дена Златко ги вежбаше основните пози за на бина и го припремаше своето тело за самиот настап.

Колку реално е потребно за подготовки за натпревар во боди билдинг или физик како нов правец ?

Во зависност од формата и генетиката, подготовките траат од минимум 8 недели па се до година дена. Ако како пример ја земеме формата на Златко и категоријата за која се спремаше - Физик, тогаш идеално би било да се спрема барем 8-10 недели. Бодибилдингот е нешто сосема друго, бара неколкугодишна екстремна пожртвуваност само за да се изгради потребната мускулна маса, а тек потоа доаѓа припремата каде телото се дефинира.

Што би препорачал Бобан на потенцијалните натпреварувачи ?

Потенцијалните натпреварувачи најпрвин треба да одберат професионалец кој ќе ги води низ припремите, а не дете кое ќе експериментира со нивните тела како на бело глувче со знаење стекнато на Google. Ова го зборувам бидејќи во последно време на натпреварите гледам случаи каде буквално натпреварувачите се среќни што се воопшто сеуште со нас на овој Свет. Истите треба да се 100% психички спремни за тортура на своето тело, инаку би го губеле своето време и пари. Пред и за време на припремите мора да се прават контролни медицински прегледи, како натпреварувачот би следел своето здравје за време на диетата и тешките тренинзи.