(ВИДЕО) СВЕТОТ СЕ ТРЕСЕ: Рускиот „нукеарен Титаник“ исплови

Контроверзната руска пловечка нуклеарна електрана, „Нуклеарен Титаник“ отплови на првото поморско патување, а целта е допремување енергија до Арктикот.

Оваа електрана би требало да ги снабдева со енергија зафрлените руски бази на Анктикот, меѓутоа критичарите предупредуваат дека руската нуклеарка би можела да доведе до „Чернобил на мраз“.

Бродот Академик Ломоносов испловил од бродоградилиштето во Санкт Петербург на првото патување, а ќе премине преку Балтикот и Норвешкото море до руското пристаниште Мурманска.Оттаму летото 2019 ќе тргне во Арктичко море за да ги снабдева со струја и топлина руските бази.

Оваа електрана може да ги покрие потребите за енергија за речиси 200 000 луѓе.

Меѓутоа, критичарите и чувари на животната средина велат дека би можело да доведе до „Чернобил на мраз“.