Македонската Таеквондо ИТФ експедиција се врати со 2 бронзени медали од Европското Таеквондо ИТФ првенство во Талин –Естонија

Македонската Таеквондо ИТФ репрезентација , благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ” ,предводена од престедателот Марјанчо Лазаревски црн појас  IV дан, поранешен светски вицешампион учествуваше  на :

 Европското Таеквондо ИТФ првенство од 23-30.04 2018  , во Талин –Естонија.
На ова Европско првенство учество зедоа 33 земји од Европа, и околу 1200 учесници, каде конкуренцијата беше огромна, но тоа на нашите натпреварувачи им даде уште толку мотив за да се изборат за медал, со што  можеме да се пофалиме дека се вративме со 2 бронзени медали , кои иако се брознени светат како злато, бидејќи после долги години повторно успеавме да се качиме на Европскиот пиедестал, со што го  кренавме и рејтингот на нашата држава во Европската ИТФ, истотака можеме да се пофалиме дека  имаше репрезентации на држави кои настапија со многу поголеми екипи и не успеаја да земат медал, вели Лазаревски.


Нашата држава ја претставуваа двајца натпреварувачи :
Ацо Јосифоски црн појас IV дан, поранешен светски шампион наптреваруваше во ветерани во две дисциплини  форми за црн појас IV дан и борби -73 кг ,

И во двете дисциплини се закити со бронзени медали
 До полуфиналето во форми , лесно ги совлада  противниците од Норвешка и Англија ,во полуфиналето против Шкотска  направи еден погрешен елемент, доколку тоа не се случеше  можеби ќе се радувавме и на злато, истотака и во борби,  со претсатвникот од Латвија влезе недоволно загреан  и со тесна разлика ја изгуби борбата, додека со претсавниците од Финска и Шпанија го покажа квалитетот на старата школа.

Филип Јосифски, црн појас II дан ,наптреваруваше во сениори во три дисциплини  форми за црн појас II дан , специјални техники и борби -64 кг.


Во форми загуби  уште во првиот круг , со тесна разлика од противникот од Шпанија,   во специјални техники  кои ги работи одлично,но  не успеа  да обезбеди пласман за втор круг, беше совладан од тремата , бидејќи ова е прв негов настап на првенство  од ваков вид, додека во борби каде што е неговата најјака страна, му падна најтечката група, протвиници од Бугарија –кој беше европски вицешампион н апрвенството, Русија, и Велс.Против сите противници покажа одлични борби, со што на Русија и Велс им извади нерешено и загуби во продолжение од мала пристрасност на судиите, додека против противникот на Бугарија доминираше и беше контраверзна победата на Бугаринот,но во иднина ветува многу,  вели Лазаревски , кој на ова  Европско беше како престедател на Македонската ИТФ и како тренер на нашите натпреварувачи.

Најзаслужен за нашето учество на ова Европско првенство е нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, кој ни помогна  да се искачиме на Европскиот пиедестал и да ја претставиме нашата држава достојно како врвни спортисти.