Белград сака да биде нов Дубаи

Болан Белобаба сопственик на сервис за миење автомобили во Белград не сака да ја напушти зградата во која веќе 38 години се ноаѓаат негови машини. На тоа место Владата има амбиции да изгради парк. Тој во изјава за Њујорк Тајмс вели дека му се закануваат. Паркот е дел од амбициозна инвестиција вредна три милијарди евра, комплекс што се очекува да биде изграден на источниот брег на реката Сава која минува низ српскиот главен град.

Станува збор за луксузен и спорен проект познат како Belgrade Waterfront проект на владината елита која си поставила цел да ја претвори во Дубаи застарената метропола на Балканот.

Иван и Вида Тимотиевиќ живеат точно на средината од реонот каде треба да се изгради целиот комплекс. Семејството упорно се спротиствува да ја напушти куќата. Пред неколку дена властите им ја прекинале водата и струјата. Тие се спротиставуваат и не сакаат да прифатат дека за неколку месеци на местото на нивната куќа ќе има голем булевар.

За претседателот на Србија, Александар Вучиќ луксузниот проект на срцето на Белград е голем залог со кој на градот ќе му се даде нов идентитет со отфрлање на мелитаристичкото минато, но и да излезе од меѓународна изолација.

Поранешен тврд националист Вучиќ сега се претставува како проевропски реформатор сака да го реализира проектот со продавање државно земјиште на моќни и богати инвеститори од Русија, Кина и од држави од Персискиот Залив.

Покривот на една зграда каде некогаш беше Министерството за внатрешни работи погодено од бомби на НАТО од 1999 година, веќе е симнат. На тоа место ќе бидат изградени небодери од израелската компанија AFI Europe Group, а неколку метри понатаму жителите беа извадени од куќите за да се изгради крајбрежен дел за тој огромен проект.

– Тие решиле да не изнесат со булдужери за да ја изградат нашата иднина на свој начин, изјави Добрица Веселиновиќ, лидер на опозициското движење познато со мотото „Да не го давиме/даваме Белград“. Тие се спротиставуваат на плановите на Владата организирајќи протести во Белград.

Градоначалникот на Белград Синиша Мали, вели: Сакаме да ја вратиме старата слава на Белград и да го направиме голем прочуен град по години на срам поради војните и немирите.

Жителите што се засегнати од проектот велат дека редовно им се упатуваат закани.

Пред две години Владата нареди 231 семејство  да ги напуштат домовите во кои живеат. Некои се спротиставија, а една ноќ околу 30 луѓе со безбол палки  се појавија во реонот. До изгрејсонце зградите беа уништени од булдожери.

Тоа силно ја разгневи јавноста.

Стотици граѓани протестираа против корумпираните акции на елитата. Незадоволството прерасна во големи демонстрации.

Критичарите го обвинија градоначалникот дека ги испровоцирал демонстрациите. Други го обвинија (освен него и претседателот) дека не одат на разговор со граѓаните во врска со тој проект.

Другата темна страна поврзана со финансирањето од инвестициска компанија со седиште во Абу Даби. Таа се нарекува Eagle Hills Properties и потпишала договор со српската влада во 2015 година што дала основано сомнение дека недостига транспарентност.

Таа инвестиција е во милијарди но тоа е само дел од купчето пари што влегле во државата од Саудиска Арабија.

Од таму веќе потпишале и договори со Владата на Србија за инвестиции во земјоделие како и за купување држави земјоделски фирми и за одбраната на Србија меѓу кои и за нејзината вселенска индустрија.

Многумина во државата се спротиставуваат на начинот на кој се потпишани договорите меѓу Србија и ОАЕ бидејќи тоа е направено зад затворени врати. Тоа сепак му се допаѓа на српскиот претседател да гледа како свежи пари влегуваат во државата без правила и гаранции какви што сакаат инвеститори од запад.

– Политичките култури на Србија и Саудиска Арабија имаат заеднички нешта – „султанството“ на емиратите против деспотизмот на балканите, вели Тена Прелек од Лондоснкиот Економски Институт.

Сепак проектот во Белград е бизнис со пари од Персискиот Залив но со многу прашања без одговор со многу критичари кои зборуваа за „криминал против градските планови“ какво што нема место во еден главен град како Белград.