Советникот Бесим Демиров упати честитка по повод почетокот на светиот месец Рамазан

 
Советникот кој е претставник на Египќаните во Советот на општина Охрид, Бесим Демиров, упати честитка по повод почетокот на постот во светиот месец РАМАЗАН.

Во честитката стои:

Почитувани Граѓани, сонародници Египќани , драги пријатели од сите нации и вери, комшии, а пред се луѓе припадници на Исламската вера.

„Се наоѓаме на почетокот на Светиот месец Рамазан, кој е месец во кој ние Муслиманите се посветуваме на пост и молитва кон севишниот Алах. 

За цело тоа време се посветуваме на солидарност, сплотеност и хуманост која ја покажуваме кон целиот човечки род. 

Во овој месец на највозвишен начин се живее целата филозофија на нашата Света Вера која ги буди во нас меѓусебното разбирање, почитта, несебичноста и човекољубието. 

Преку постот тежнееме кон постигнување на духовно и телесно прочистување на нас самите како луѓе и со тоа придонесуваме кон градење на поздраво општество и посветла иднина за нашите деца.
Нека овој свет месец Рамазан биде исполнет со посветеност на Севишниот, со среќа во нашите домови, мир во нашите души и добрина во срцето“.

Севишниот Бог нека Ве благослови сите.