Општина Охрид: Тезгите околу Чинарот се поставено на диво !

Општина Охрид денес официјално информира дека десетината тезги кои се поставени околу дрвото Чинар на плоштадот Крушевска Република во строгиот центар на Охрид се поставени на диво.

Во официјалната информација испратена од општинската прес служба стои:

„Ве информираме дека тезгите околу плоштадот Крушевска Република се диво поставени  и не се во согласност со програмата за поставување на урбана опрема. Општинските инспекторат ги има опоменато сопствениците на дивопоставените тезги и им има дадено рок за отстранување.“

Во официјалниот допис не се наведува колкав е дадениот рок.

Претходно Градоначалникот Јован Стојаноски во неколку наврати најави дека ќе стави ред во поставувањето урбана опрема, а и покрај тоа само низ старата чаршија и на Кеј Македонија има повеќе од 30 дивопоставени тезги кои работат без никаков проблем надвор од Закон.