Клеветниците, лажговците и манипулаторите од охридското ВМРО му овозможија на Заев да ни ги решава проблемите во Охрид

Вчера во Скопје на иницијатива на Владата и Премиерот Зоран Заев, охридскиот Градоначалник, Никола Бакрачески и дел од раководниот кадар на одделенија во Локалната, како и дел од директорите на јавните претпријатија разговараа за излезни решенија за двата најголеми проблеми за градот Охрид - колекторот и милионскиот долг креиран пред 2013-та година.
 
Ваквиот развој на настаните најблаго кажано е целосно неочекуван за сите аналитичари, но и за граѓаните на Охрид, кои по децении поминати меѓу чеканот и наковалната на меѓупаритските судири на интереси меѓу СДСМ и ВМРО ДПМНЕ и четири години поминати во менгемето на внатрепартиските ''Византиски игри'' во ВМРО ДПМНЕ, речиси и да не дискутираа ни на кафе дека некој ќе покрене или спомне иницијатива за средба на највисоко ниво, за да се разговара за највисокиот интерес на Охрид , а тоа е решавање на овие два проблеми кои се оставени како наследство од сите претходни владејачки гарнитури кои се менуваа во Охрид пред 2013-та, но и како замрзнат проблем од неколку функционери на ВМРО ДПМНЕ, кои од лукративни и исклучиво лични и себични причини, со игри и подметнувања успејаа овој проблем да го стават на страна во приоритетите на Владата на ВМРО ДПМНЕ.
 
ОХРИДСКИТЕ ВМРОВЦИ КОНЕЧНО ПОЧНАА ДА СЕ ПРАШУВААТ : ЗОШТО ЧЕТИРИ ГОДИНИ НАШАТА ВЛАДА НЕ ГО СТОРИ ОВА ? !
 
Од како Премиерот Зоран Заев даде ексклузивна изјава за Охрид1 во која ја најави оваа средба, а аналитичарите потоа анализираа дека ова претставува почеток на нова политичка култура во Македонија, која ќе го има како приоритет интересот на граѓаните, а не кариерите на поединци во партиите ( како што беше по 2013-та ) или меѓупартиските судири ( како што беше со децении пред 2013-та ) членството на ВМРО ДПМНЕ почна да си ги поставува двете логични прашања :
 
Зошто владите на ВМРО ДПМНЕ цели 11 години не направија ваков чекор ? 
 
Зошто владата на ВМРО ДПМНЕ не го направи ова во 2013-та или 2014-та година ?
 
Ако одговорот на првото прашање е заради тоа што во Охрид до 2013-та владееше СДСМ, тогаш кој е одговорот на второто прашање ? 
 
Одговорот е јавна тајна која всушност не е ни тајна туку јавен факт. Тоа не се направи заради лични кариери на еден дел од функционерите на ВМРО ДПМНЕ кои се од Охрид, а кои на јавноста и се добро познати по една заедничка неостварена желба. Секој од нив поединечно долго сонува да стане Градоначалник.
 
Овие луѓе од Охрид, кои со децении се на функции во ВМРО ДПМНЕ четири години ги поминаа во ''рекла казала'', во измислување на најнебулозни лаги за Локалната власт и актуелниот Градоначалник кои ги лансираа во Скопје, во ширење страв и креирање лажна претстава во членството дека власта во Охрид во секој момент ќе ги предаде ( а на нејзин грб се шлепаа на избори ) и ред други ''Византиски дворски игри'' со кои правеа се Владата на ВМРО ДПМНЕ да не ги реши овие две прашања, само кога ќе дојди време секој од нив поединечно надевајќи се дека ќе е кандидат за Градоначалник , да успее да си обезбеди место во историјата дека решиле некој проблем во Охрид.
 
И така себични , подмолни и мали, политички кратковиди не успејаа да видат дека со нивните игри, лаги и подметнувања си обезбедија само едно : 
 
Место на буништето на поновата охридска историја !
 
Оваа група е составена од високи партиски и државни функционери од Охрид и претседатели на комитетот во Охрид.
 
ШТО ДА ОЧЕКУВАМЕ ОД ЗАЕВ ?
 
За почеток немора да очекуваме ништо ! Доволно е што направи потез кој прво пријатно ја изненади охридскарта јавност, потоа го вознемири членството на ВМРО ДПМНЕ, но и ги натера да се прашаат Зошто ние тоа не го направивиме ? Ова прашање и отвора на партијата можност да се види кој што правел и кој за кого работел во партијата ? Дали за Охрид, за членството, за Македонија или градот го држеа блокиран строго и единствено за својата кариера и позиција од каде се живее лагодно, па така да види како овие лица ќе се поајват пред членството да објаснат што правеа тие годините наназат, кога сега на крајот и суновратот на нивните кариери доживејаа Зоран Заев да им го приреди овој дебакл.
 
ОХРИД 1 СИГУРНО ЌЕ Е КРИВ
 
Како и што бива, секогаш кога некоја од партисктие елити на локално ниво било да е во ВМРО ДПМНЕ или во СДСМ ќе се осети загорозена од некоја објавена вистина која директно удира во темелите на кои живеарт со години, а кои се изградени од лаги на кои градат кариери, истите тие почнуваат внатрепартиска пропаганда против Охрид1 , и наместо да одговорат пред членовите што правеле сите овие години, зошто се служеле со лаги, клеветења, манипулации и бескрани внатрепартиски игри само и само да остварат свои лични интереси за свои кариери и финансиски лагодности тие ќе одат по месни комитети и партиски состаноци на кои ќе зборуваат за Охрид1. 
 
Така и овој пат пред членството ќе го поставуваат прашањето : За кого работи порталот Охрид1 ? За кого работри сопственикот ? Кој го плаќа ? Што му е целта ? Потоа ќе ви појаснуваат дека треба да сте паметни за да не ве мамат на Охрид1 со текстови и ред други повеќе пати кажани работи само да се замајува членството и да се пренасочи вниманието од темата : Лаги за кариери на Вмровски фунцкионери !
 
Драги наши читатели. Овој текст е само една кратка верзија на еден дел од едно дело во кое високи партиски и државни функционери од Охрид и претседатели на комитетот  ќе се напишани со име и презиме и точно ќе е појаснато што правеа, што лажеа и како клевета , но и зошто келевета и го правера сето тоа, на штета на сите ние кои живееме во Охрид, ставени во залог со нашите животи и иднина како хипотека на нивните кариери.
 
Кога ќе дојдат пред Вас високи партиски и државни функционери од Охрид и претседатели на комитетот   прашајте ги:
 
Што лажевте во Скопје ? 
Кого го клеветевте во Скопје ?
За кого работевте? 
Зошто не не раздолживте ? 
Дали не ви е срам да се појавите пред нас повторно со лаги ?
 
ДА СИ ПРИЗНААТ ПРЕД РАКОВОДСТВОТО ДЕКА ЛАЖЕА

На крај оваа група штетници би требало да појде и во Скопје и пред највисокото раководство да се ''исповеда'' за штетата која со нивните подлости ја нанесоа пред се на самата нивна ВМРО ДПМНЕ.

За исповед во црква неможе да стане збор, затоа што за да се искажат за децениското ''мучкање'' ќе им требаат години клечење пред олтарот.

ПРЕГОВАРАЛЕ И СО БИВШАТА ВЛАСТ

За колку подмолни луѓе станува збор говори и фактот дека еден од овие функционери кој цела своја кариера е на функцја во Скопје ( никогаш немал функции во Охрид ), преку посредник се договорил со поранешниот прв човек на Охрид да не се напаѓаат медиумски.

Политичарот преговарал со поранешниот прв човек на Охрид преку посредник, кој издејствувал меѓусебе да не се спомнуваат , а за партијата ВМРО ДПМНЕ и лидерот на Владата и партијата да зборува што сака, само охридскиот вмровски политичар во Скопје да не го спомнува во јавните настапи.

Договорот одлично функционирал од 2011-та до крајот на 2012-та кога политичарот во гостување на локална телевизија го нападна и поранешниот Градоначалник и со име и презиме ги прозва бизнисмените блиски до поранешната власт.


Љ.Т.