Охридските теквондисти викендов на турнир во Босна и Херцеговина

Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд 25.05-27.05 2018 ќе учествува на меѓународен теквондо ИТФ "А Класа" турнир "ЗВОРНИК ОПЕН 2018" во Зворник, Бих, кој е еден од најпрестижните турнири во југоисточна Европа. На овај турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, такмичарите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид , ќе ги одмерат силите во форми и спаринг-борби поединечно и екипно.

Со самото пријавување знаеме дека овај турнир ќе биде премногу тежок турнир, на кој досега го имаат најавено клубови од 15 земји , при што ќе земат учество и актуеални европски и светски шампиони, што за нашите натрпеварувачи ова ќе е одлично искуство за во иднина кога ќе исполнат критериуми за да можат да учествуаат на некое европско или светско првенство, вели Лазаревски. Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир