Стојаноски: Имаме еколошка катастрофа, колекторот не функционира !

Стојаноски направи лапсус на почеток не созоната или вистина имаме еколошка катастрофа во Охрид ?

Градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, во емисијата ClikPlus на ТВ 21, изјави дека во Охрид колекторот не функционира и дека сообраќајна студија недостасува во изминатите 2018 години после Христа, бидејќи никогаш ја немало.


Кучиња скитници го реметеа снимањето на емисијата во целото нејзино траење, а некои од нив се појавуваа и пред камерите. Стојаноски кажа дека проблемот со кучињата е долгорочен и ќе се решава стратегиски и подолго.

Тој кажа дека со промоциите кои претходно се правеле, и субвенциите ко исе вовеле, сезоната се проширила од април до октомври.

Стојаноски рече дека има простор околу езерото каде може да се гради, но потсети на забелешките и препораките кои мисијата на УНЕСКО ги дала за Охрид , а кои треба да се испочитуваат.

Стојаноски потенцира дека неможе да каже дека ќе запри градењето на брегот од езерото, бидејќи голем дел од брегот бил слободен за градба.

„Ние немаме колектор, имаме систем кој не е функционален, потенцира дека во центарот нема колекторски систем туку само канализационен систем. Имаме еколошка катастрофа, најголем дел од отпадните води не влегуваат во пречистителните станици.“ - потенцира Стојаноски.

Стојаноски кажа дека општината има долг од 1,4 милијарди денари.

– Во моментов ги имаме изработено анализите за долгот на општината, како што ни бараше Министерството за Финансии. Во моментов финансискиот долг, нагласувам – финансискиот, изнесува околу 1.400.000 денари, кон сите доверители со кои Општина Охрид има работено. Сакам да нагласам дека од овој износ околу 600.000 се камати, а 200.000 денари се за извршни трошоци. Граѓаните ова треба да го знаат, изјави Стојаноски.

Стојаноски кажа дека неговиот претходник во соработка со Швајцарската амбасада почнале процес на изработка на студија и стратегија за развој на туризмот, но се јавиле многу проблеми во изработката.

„Прво планскиот период за кој беше предвидена изработката веќе е пробиен и ние разговаравме со финансиерите. Тука не се виновни администрацијата и претходниот Градоначалник,. Објективните проблеми произлегуваат од тоа што немаше национална стратегија. Поната во изработката беа вклучени одредени консултанти кои не ги задоволуваа условите и немаат соодветни референци. На тоа забелешки упатил и претходниот Градоначалник. Тоа секогаш се јавува кога по тендерски пат се пријавуваат изработувачи бидејќи може да се пријават субјекти кои ги исполнуваат условите, но немаат адекватен квалитет.“ - изјави Стојаноски.



Емисијата од серијалот ClikPlus ја водеше уредничката Билјана Георгиевска, а во нејзиното реализирање со прашања до градоначалникот беа вклучени мал број граѓани, додека поголемиот дел столчиња остнале празни. 

Малкумината присутни прашуваа прашања поврзани со Охрид трчат и фудбалскиот клуб.

извор: ТВ 21 фото: општинаОхрид

Поврзани вести