Комунистички рај на богаташи од кој никој не смее да излезе

Граѓани на милионерска утопија која зафаќа само неколку квадратни километри живеат речиси едни до други, но не смеат да разговараат со медиумите ниту пак да го напуштат селото.

Селото Хуакси во Кина претставува вистинска мистерија, тоа е најбогатото место во Кина и за поголемиот дел од граѓаните на оваа земја тоа е своевиден комунистички рај.

Најпознато е по ужасно високиот животен стандард, а тоа место е одделено од остатокот на Кина и за 55 години се претвори од рурална област во вистински мал луксуз.

Сепак, како овие луѓе се збогатуваат и како ги трошат парите не се информации до кои може да се дојде, бидејќи на жителите на Хуакси им е забрането да разговараат со медиумите, ретко разговараат и помеѓу себе, а дури имаат и забрана да го напуштат селото, бидејќи ако го напуштат селото ќе загубат се што стекнале и ќе останат без ништо.

Кон крајот на педесеттите години од минатиот век Хуакси имаше само околу 600 жители, а ренесансата на селото ја овозможи Ву Ренбао, некогашен секретар на Комунистичката парија, кој разви план за збогатување, основаше повеќе од 12 компании, поттикна работа со сировини, како алуминиум.

Хуакси, селото кое се наоѓа во провинцијата Џиангсу познато е уште и под називот „Прво село под небото“, а денеска има околу 2.000 регистрирани жители кои живеат во идентично изградени вили, а наводно сите имаат по 250.000 долари во банка.