ВОЛЦИТЕ ОД ЧЕРНОБИЛ ШИРАТ МУТИРАНИ ГЕНИ

Волците кои што некогаш живееле на местото на најголемата еколошка катастрофа во светот – Чернобил, сега живеат во остатокот од светот, а научниците се плашат дека би можеле да „шират“ мутирани гени.

Уште од 2016-та година волците започнале да го напуштаат Чернобил, а според последната евиденција биле изброени околу 300 волци во шумите околу централата каде што се случи големата експлозија која што донесе огромни последици по околината.

Новата студија која што е објавена во европскиот Магазин за истажување на дивите животни покажува дека на околу 30 километри од Чернобил дивината останала сочувана, затоа што таму немало човечки фактор кој што би го попречил развојот со своите вообичаени активности.
 

После големата експлозија на 26-ти април 1986-та година, голем радиоактивен облак го прекри целиот чернобилски регион при што загинаа голем број на луѓе и животни во годините кои што доаѓаа, а регионот стана непогоден за живот.

Меѓутоа, во целата таа катастрофа волците продолжиле да живеат, а научниците од тогаш до денес внимателно го следат нивното однесување.