Индиски милијардер ги води на одмор своите 3.500 вработени

Индиски бизнисмен во текот на овој месец ќе престојува на одмор во Истанбул, каде со себе ќе поведе 3.500 свои вработени, за што ќе потроши над 10 милиони долари.

Како што јавија турските медиуми, за организирање на еднонеделниот одмор на милијардерот и неговите вработени во Истанбул, се ангажирани Сојузот на турските туристички агенции (ТУРСАБ), како и службеници од Министерството за култура и туризам на Турција.

Најголемиот број од гостите потекнуваат од Индија, но има и околу 350 лица вработени во фирми на бизнисменот во 20 земји, а за нивно сместување се резервирани 10 луксузни хотели во Истанбул.

Медиумите не го наведуваат името на бизнисменот, но посочуваат дека тој се наоѓа на листата на „Форбс“ на најбогатите луѓе во светот.