Стојаноски: Не можеме да гарантираме дека урбанистичките планови нема да го загрозат статусот во УНЕСКО

Се најавува ли нова политика по прашањето за УНЕСКО ?

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски гостувајќи на 1ТВ ( телевизија на која гостува два пати во еден месец )  на директно поставно прашање дали може да гарантира дека носењето на урбанистичките планови за крајбрежјето нема да го загрозат статусот на Охрид во УНЕСКО директно одговори дека тоа не може да се гарантира.

1ТВ: Претпоставувам вашиот императив е зачувувањето на статусот на УНЕСКО и дали сте убедени и дали можете да гарантирате дека кој и да биде план донесен тој статус ќе биде гарантиран за градот и езерото ?

„ Секако дека не можеме затоа што ... Велам мора да се донесат тие урбанистички планови, тие урбанистички планови да бидат и развојни и да значат задоволување на еколошките стандарди“ - одговори Градоначалникот на Охрид.

Во емисијата тој напомена дека не може сите да бидат задоволни, дека мора да се води сметка и за екологијата но и за потребите на граѓаните и инвеститорите бидејќи Охрид според Стојаноски нема доволен број на легла.

Градоначалникот напомена дека постојат одредени фондови кои нудат програми за како што ги нарече еко хотели , кои би биле објекти со голем сместувачки капацитет, а би ги запазиле еколошките стандарди .