Владата го разреши директорот Шаќири по акцијата на МВР во Струга

Владата на денешната 78-седница го разреши Арменд Шаќири од должноста директор на КПУ - Казнено поправен дом од отворен вид Струга. Како што соопштија од владината прес-служба, одлуката за разрешувањето на Шаќири е донесена на негово барање.

 

 

Неофицијлано, разрешувањето доаѓа по големата полициска акција изминатиот викенд во Струга, во која беа уапсени дилери на дрога и полициски инспектори.

Првично имаше информација дека бил привиден и директорот на затворот Шаќири, под сомнение за можна злоупотреба на службената положба со поддржување нелегални активности. 

Во полициската акција од канцеларијата на директорот во затворот биле одземени документи.