Австралијци го уловија најголемиот крокодил на светот

Десет години откако прв пат го забележале, австралиските ренџери на северот од земјата успеаја да го уловат огромниот крокодил тежок дури 600 килограми.

Крокодилот за кој се претпоставува дека е постар од 60 години , излезе на површината на водата во близина на рампата за утовар на бродови на реката Катерин. Неговата должина од 4 метри и 71 сантиметри е застрашувачка.
 

Управникот на подрачјето , кое го покриват ренџерите што го фатија крокодилот , Трејси Далдиг вели дека решиле да го уловат и да го преселат на друга локација , за да се избегне неговиот контакт со луѓето.

Инаку , во тоа подрачје се уловени и преселени 187 крокодили , со препорака за сите излетници и минувачи дека може да бидат иузненадени од напад на овие рептили.