Вренцоска: Од годинава го враќаме огнометот на отворањето на фестивалот

Диркеторката на Охридско Лето Сузанa Вренцоска на ден пред отворањето на овогодинешното издание на фестивалот најави дека од годинава се враќаат спектакуларните огномети на отворањето на Охридско Лето кои претходно беа укинати.

Со години Охридско Лето беше отворано со навистина спектакуларни огномети на небото над стариот дел на Охрид кои се гледаа од целата урбана зона на градот и пошироко.

-
На ден пред почетокот на годинешново фестивалско издание можам да најавам дека сè е подготвено за беспрекорна реализација како за Свеченото отворање, така и за останатите 40 фестивалски денови. Подготвени сме да ги пречекаме сите гости, да бидеме добри домаќини на над 800 врвни уметници од 27 држави од Европа и целиот свет. Нè радува и фактот што интересот за резервации посебно за Свеченото отворање е голем.

Што се однесува до изминатиов период, се направија сите неопходни подготовки за успешна реализација на најголемата и најреномирана музичко-сценска манифестација во земјава. Како тим бевме максимално посветени да ги завршиме навремено и професионално сите подготовки, како програмски, организациски, така и сценско-технички. Целосно се заокружени активностите околу доуредувањето на сценските простори каде што се одржуваат настаните. По подолга пауза, од оваа година го враќаме и спектакуларниот огномет по кој беше препознатливо „Охридско лето“.


Оперската пејачка Елена изјави дека не знае премногу за фестивалот Охридско Лето, но дека читала за него, за Охрид кажа дека е преубав и првите впечатоци и се позитивни.

-Прв пат сум тука во Македонија. Не знаев за фестивалот, но откако ја добив поканата за негово учевство прочитав на интернет и досзнав дека се работи за престижен фестивал. Вашиот град е преубав, особено езерото и луѓето се супер. Среќна сум што сум дел од програмата. Мојот настап ќе трае околу еден час а во него ќе бидат вметнати познати арии, рече на денешната прес средба оперската дива Мошуц.

Стартот на Охридско лето е утревечер во 21 часот на Античкиот театар во Охрид.