Успешно полагање за појаси во “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид

Давид Крстески го исполна и последниот критериуим за учество на Европско, се закити заслужено  со црвен појас
 
  Викендов  во спортската сала на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид , се одржа полагање за појаси  во организација на Македонската ИТФ , при што имавме прилика да гледаме како младите спортисти демонстрираат врвна техника при што можат многу мајстори да им позавидат. 
   Младите спортисти  беа одлично припремени за полагањето ,со што се покажаја во најдобро светло и беспрекорно ги заслужија појасите,  покажаја врвна техника, сите беа во одлична кондиција, тестот на снага и специјалните техники ги одработија  перфектно, со што можеме да се пофалиме дека имаме доста перспектвини и надежни спортсти кои секој ден се подобри и подобри, кои истотака се докажани на многубројни меѓународни ИТФ турнири, и сето тоа благодарение на генералниот спонзор “ПН МЕТАЛ”.
 Давид Крстески  се закити најзаслужено  со црвен појас, со што го исполна и последниот критериуим за учество на Европско, кој е освојувач на многу медали и е најдобар во својата категорија на Балканот и пошироко, наполна 11 години и следната година на Европското Таеквон-до ИТФ првенство во Римини Италија ќе ги брани боите на Македонија. Нашиот клуб е истотака побогат со 9 жолти појаси , кои сега исполнуваат норма за натпревари и се потенцијални нови натпреварувачи,и во иднина се надеваме дека и тие ќе не радуваат со успеси, ни изјавува Марјанчо Лазаревски претседател на Македонската ИТФ и престедател на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид
Со повисоки појаси се закитија:
-Давид крстески-црвен појас
-Христијан Митрески-црвен појас
-Давид Велковски-плав виши појас
-Јане Димов-плав појас
-Марио Крстески- син појас
Филип Трифуноски - син појас