Ова е најопасната река во светот, иако изгледа како обично поточе

Реката Варф која тече низ Јоркшир на прв поглед изгледа како и секоја друга река, но мештаните никогаш не и се приближуваат бидејќи досега никој не се извлекол од нејзината смртоносна прегратка.

Поради тлото низ кое поминува, но и поради страшните речни струи, во делови од реката струите се речиси вертикални и во комбинација со лизгачките карпи, можат буквално да го сомелат секој кој ќе се најде во водата. Најопасно е во деловите каде коритото е тесно, а струјата влече со неверојатно големи брзини.

За жал, струите не се видливи од површината на водата, па многумина неупатени се обиделе да пливаат во реката, но таа едноставно ги проголтува. Некои тела никогаш не се откриени.

Сепак, околната шума е одлична за пешачење, а патеката е одбележана со знаци кои предупредуваат до каде смее пешакот да се движи.