50ти Долнодримкослки Илинденски средби во Луково

Престојниов викенд дримколските населени места, Луково, Јабланица, Нерези, Пискупштина, Боровец, Брезово, Модрич, Дренок, Лакавиц и Горно Луково по 50-ти пат ќе се сретнат, ќе се дружат, пеат и веселат но и натпреваруваат на најстариот турнир во голем фудбал на трева во Македонија од ваков каратер во селото Горно Луково. Оваа традиција започнала уште во далечната 1968 година и трае низ времето во континуитет сите овие години.
Манифестацијата започнува на 27 јули во петок со почеток од 21 часот со голема забава со многу естрадни уметници, со песни и ора.
Поканети се сите оние кои потекнуваат од овие краишта , но и сите останати пријатели да се придружат на оваа долгогодишна традиција.