Давид Крстески имаше прилика да учи од неколку кратниот Светски и Евроспки Таеквондо ИТФ шампион, Исмет Ичановиќ црн појас VI дан од Љубљана-Словенија

Изминатава недела во Македонија во прекрасниот Охрид на годишен одмор беше дојден неколку кратен светски и европски таеквондо ИТФ  шампион, најдобар ветеран на последното Европско првенство кое се одржа во Талин-Естонија, г-н  Исмет Ичановиќ црн појас VI дан, тренер на клубот Шкорпион од Љубљана-Словенија, кој воедно се припрема за и за наредното светско таеквондо ИТФ  првенство за  јуниори и ветерани,кое ќе се одржи од 20-27 август 2018 во Минск , Белорусија.
  Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид со посебно задоволство  го пречека драгоцениот гостин,при што имаа секој ден заеднички тренинзи во  нивната сала,а за возврат Ичановиќ несебично го сподели неговото знаење со дел од членовите од клубот кои не беа на годишни одмори, а со посебно задоволство работеше со Давид Крстески  нашиот натпреварувач кој ги исполна сите нормативи за Европско првенство,а воедно и ќе натпреаврува на наредното европско  првенство кое ќе се одржи април месец 2019 во Римини-Италија.
  Исмет Ичановиќ го знае нашиот Давид и кажува дека секогаш на сите натпревари го прати и дека во него гледа иден светски и европски шампион, кој секој ден со задовослтво одвојуваше посебно време за него.Благодарение на нашиот генерален спонзор “ПН МЕТАЛ”, Ичановиќ за прв пат го посети Охрид пред две години каде беше дојден на покана на нашиот клуб, презадоволен од убавините на нашиот град тој одлучи оваа година неговиот одмор да го помине кај нас, а поради врвната услуга на ресторанот “Валентино” каде беше сместен ,изјави дека повтроно ќе го посети нашиот град. Истотака можеме да кажеме дека научивме многу работи од овој врвен мајстор и како ученици и како тренери,ни изјавува Марјанчо Лазаревски, тренер и претседател на Таеквон-до клубот “ХВА РАНГ ИТФ” Лескоец-Охрид, кој корисити прилика уште еднаш да се заблагодари до нивнито генерален спонзор “ПН МЕТАЛ” кој е најзаслужен за сите резултати и искутва на нашиот клуб.