Како власта во Охрид во 2006 отвори нова автобуска станица ? !

Всушност автобуската била отворена пред 12 години ?!

На Илинден во 2006 година тогашната власт ја отвори како што тогаш беше наречена „нова автобуска станица“.

На отворањето присуствувал и тогашниот Градоначалник Александар Петрески, тогашниот Претседател на Совет Владо Чингоски како и тогашниот директор на „Галеб“ Љупчо Василески.

Како дошло до „градба“ на овој „ објект'' елаборира на јавноста добро познатиот Зоран Шикалоски, кој во таа власт, но и денес во оваа власт е идеен автор на сообраќајните решенија низ Охрид.

Шикалоски објаснува со колкав капацитет е „автобуската“ но и нагласува дека бил пробиен рокот за градба на тој „објект“ , но сепак успеале да го изградат.

ВИДЕО: Архивски материјали ТВ Морис - Охрид.

Поврзани вести