ФОТО: Додека фестивалот „треска“ - Вренцоска блеска ли блеска !!!

Директорката на Охридско Лето Сузана Вренцоска повторно блесна во уникатно издание на роденденската прослава на фестивалот кој наполни 58 години.

Маркантната и елегантна дама која секаде ги привлекува погледите и овој пат се појави во уникатно модно издание кое неодоливо потсетува на стилот на филмскиот лик Саманта од култната серија „Сексот и градот.“

Впечатливоста и забележливоста на Вренцоска дојдоа дотолку повеќе од израз на коктелот, на кој за жал изостана поголем број од поранешните гости, па остана само да се евоцираат спомени од времето кога бизнисмени и амбасадори доаѓаа на родендените на Охридско Лето.

Вренцоска со право го задржува епитетот најубава и најубаво облечена директорка во Охрид.

Охридско Лето годинава го има најслабото издание кое го памтат денес живите генерации во Македонија.