ФОТО: Заев и Зекири со глисер по езерото

Премиерот Зоран Заев искористува денови од годишниот одмор за одмор во Охрид. Тој, како што соопштија од владината прес-службата, одморот го минува со семејството.

Во Охрид се наоѓа и пратеникот на СДСМ, Мухамед Зекири, кој на социјалните мрежи објави заедничка фотографија со Заев како се возат низ Охридското Езеро, најверојатно со глисер.